Низ солзи, обвинетиот лекар за убиство од небрежност на Марадона рече дека нема медицинска грешка
„Немаше медицинска грешка. Сè што можеше да се направи беше направено. Го сакав Диего и направив сè за да биде подобро. Јас не сум одговорен за она што се случи, горд сум на сè. Јас го направив тоа за Диего и неговото семејство. Често ги гледав неговите ќерки, а браќата ме обожаваат “, вели Леополдо Луке, личниот лекар на Диего Марадона против кого е покрената истрага поради постоење сомнеж за убиство од небрежност.
„Во четвртокот ме исфли од куќата и ме навреди. Вака се однесуваше кон сите откако се разболе. Не сакаше да зборува со ќерките. Кога ме избрка, не сакав да заминам, му реков дека ќе останам додека не стане од кревет. Успеав да го подигнам, а потоа морав да си одам. Неговата смрт не доаѓа како резултат на докторска грешка. Срцевиот удар е нешто што може да се случи на еден таков пациент, неговата смрта е нормална, ако се земе во предвид болеста“- рече низ солзи за медиумите.