Новогодишна магија, новогодишна елка и алергија на елката: Многу е опасна

Алерголозите се децидни за ова!!! Алергијата на елката може да предизвика тешки напади на астма, чешање во носот, болka во синусите и низа други проблеми

Поставувањето на жива новогодишната елка во домот може да претставува опасност за луѓето кои имаат астма или алергија. Кај нив често се јавува„ синдромот на божиќното дрвце“  предизвикан од мувлата од елката и борот кои ги вдишуваме за време на празниците. Алерголозите појаснуваат дека речиси 70 отсто видови мувла пронајдени на живите стебла  може да предизвикаат тешки напади на астма, умор, затнување и болка во синусите, свраб во носот, солзење на очите.

- Пред да го внесете дрвцето дома, оставете го добро да се исуши надвор. Ако некој од домашните е алергичен, подобро дрвцето веднаш да се отстрани - препорачуваат алерголозите.

Важно е и просторијата секојдневно да се проветрува, за да се прочисти воздухот. Топлината во домовите е главен причинител честичките на мувла од дрвата да станат се поопасни. Самите стебла на себе секогаш имаат остатоци од мувла и полен а на мувлата особено ѝ годат топли и влажни места.

И вештачките елки може да предизвикаат проблеми бидејќи се полни со прашина или мувла доколку не се соодветно спакувани. Вештачките стебла не треба да се оставаат незаштитени на таван или во подрум бидејќи за 11 месеци собираат многу прашина.

Ако се долучите за живо стебло, се препорачува да направите мешавина од оцет и вода и со него да го измиете стеблото, а потоа убаво да го проветрите. Оцетот ја убива мувлата и е прилично ефтино решение.  Вештачкото стебло треба да се изнесе надвор, добро да се протресе и да се излуфтира за да се ослободи од прашината.