Објави крај на кариерата: Борецот Хабиб се враќа во село, без мобилен и интернет

Тоа е тоа. ненадминливиот борец Хабиб Нурмагомедов објави крај на кариерата. Ама пак затоа, ја заврши со стил со победа на последната борба во УФЦ.

Дагестанецот го победи Џастин Гаетже и сега планира да се врати во родниот крај, во планините на Дагестан, каде што го мина детството.

Селото во Дагестани се вика Силди, нема интернет и телефон, Хабиб  сака да живее скромно далеку од постојаната гужва.