Од хеликоптер фрлија iPhone 11 и Nokia 3310: Кој остана неоштетен?
Ако сте искеширале пари за iPhone 11, веројатно не звучи добро како идејата да го фрлите од хеликоптер, но тројцата Јутуберикои на каналотHow Ridiculous ги следат над пет милиони луѓе, го направија токму тоа.
За споредба, тие исто така фрлија едена класика од мобилен- Нокиа 3310, на висина од 300 метри.
Сепак, ги ставија своите Ајфони во заштитна маска пред да го изведат овој експеримент.
Тие најпрво го фрлилија Ајфонот кој завршил со распарчен заден дел, но се чини дека немало никакви проблеми со функционирањето на паметниот телефон.
„Тоа е тоа. Скршен е, но не можам да верувам дека сè уште работи, луд е“, рече воодушевен еден од Јутуберите.
После тоа, тие ја фрлија Нокиата и откако падна од 300 метри не претрпе никаква штета. Тие дури успеаја да играат рунда на култната змија на неа.
„Тоа е неверојатен резултат. 300 метри! Ве
молиме, аплаудирајте им на луѓето што прават мобилни телефони“, заклучија тие.