Ова е најевтината куќа во светот, која чини помалку од 500 евра

Tata group е позната по производство на најевтин автомобил во светот, a сега ја изгради најефтината куќа наречена Нано. По автомобилилот кој чини 1.500 евра, куќата е уште поприфатлива и чини помалку од 500 €.

Оваа куќа има само дваесетина квадратни метри и основна опрема - врати, прозорци и покрив. Ѕидовите се изработени од посебен материјал кој вклучува кокос и јута кој има рок на траење од околу 20 години.