„Паметна долна облека“ – идеален подарок за Денот на вљубените за парови зависни од технологија
Дојче Телеком почнува кампања за влијанието на мобилните телефони врз романтичните врски
Дојче Телеком ја почна кампањата „Подобри заедно“, чија цел е да отвори дискусија за ефектот на мобилните телефони врз романтичните врски кај младите луѓе. Во соработка со експертот за врски, Ерик Хегман, креираа идеален подарок за Денот на вљубените за парови зависни од технологија. Креативниот и со доза на хумор подарок – „Паметна долна облека“ има за цел да ја потенцира сериозноста на проблемот од прекумерното користење на смартфони кога партнерите се заедно, но и да отвори дискусија за враќање на блискоста меѓу нив.
Според истражувањата што Дојче Телеком ги спроведе во неколку европски земји, 36% од луѓето на возраст помеѓу 18 и 34 години сметаат дека нивниот љубовен партнер поминува премногу време на мобилен телефон, а дури 56% од нив велат дека го проверуваат нивниот смартфон додека се во кревет со партнерот. Една третина од луѓето помеѓу 18 и 34 години тврдат дека технологијата има негативен ефект на нивниот љубовен живот.
„Технологијата има моќ да ги олесни врските меѓу луѓето. Иако мобилните телефони ни овозможија да се чувствуваме поповрзани од кога било претходно, сепак сè почесто се потенцира дека имаат и негативен ефект врз нашите животи. Без разлика дали се наоѓаме среде пријатна вечера или сме во спалната соба, мобилната технологија често е истакната како клучен фактор кој влијае на интимните моменти и врските кои ги создаваме. Нашата цел е преку оваа кампања да споделиме совети со младите парови и да ги охрабриме да ја отворат темата и да почнат дебата за потребата од промена. Преку Love Magenta „Паметна долна облека“ можеме да го направиме тоа на забавен и провокативен начин“, вели Волфганг Кампбартолд, вице-претседател на одделот за Интернационални пазарни комуникации во Дојче Телеком.
Дојче Телеком, за оваа кампања соработуваше со експертот за врски Ерик Хегман, кој вели: „Она што повеќето од нас не го сфаќаат е дека моќта за промена се наоѓа во нашите раце. Само треба да научиме да бидеме попаметни кога ги користиме овие технологии, така што тие ќе работат за нас, а не против нас. На пример, промената може да биде толку едноставна како препознавање на вистинските моментите кога телефонот треба да го ставиме на „Do Not Disturb“ режим и едноставно да го пуштиме од раце. Со оваа иницијатива Дојче Телеком има за цел да поттикне чувство на самосвест кај паровите за да бидат поодговорни кога ги користат дигиталните технологии“.
Технологијата станува сè поприсутна во нашето секојдневие, што со себе носи големи предизвици. Најважно е да бидеме свесни кога, како и зошто ја користиме, за да не се претвори во бариера за нашата интимност.
Повеќе за „Паметна долна облека“:
„Паметната долна облека“ се состои од два пара долна облека во препознатливата магента боја, два LoveChips (Bluetooth чипови) кои се поврзуваат со мобилната апликација Connected Underwear и упатство за користење. Со чипот се испраќа текстуална порака до телефонот на партнерот, кој добива покана. Ако партнерот ја прифати пораката, тогаш се активира режимот LoveMode, се вклучува романтична плејлиста, се проектира романтичен скринсејвер и апликацијата го прашува корисникот дали да биде активиран режимот „Do Not Disturb“.
Ограничената серија од специјалното издание на „Паметна долна облека“ за Денот на вљубените може да се купи по цена од 25 евра, со бесплатна испорака, од 6 февруари, преку онлајн продавницата на Love Magenta