ПМФЛ: Македонија ЃП убедлива против Тиквеш, Брегланица и Шкендија без голови

Брегалница и Шкендија одиграа 0-0, дерби на 21. коло од ПМФ, Силекс  убедлив на гости кај  Победа со 1-4, додека во Ѓорче Петров, Македонија го совлада Тиквеш со 3-0.

Силекс со хет-трик на Александар Катаниќ  кој дебитираше за екипата од Кратово  стигна до триумф против Победа. 

Македонија ЃП со головите на Воша , Мишевски и Скендери беше убедлива против Тиквеш.

Резултати:

Брегалница – Шкендија 0-0

Победа – Силекс 1-4

 Македонија ЃП – Тиквеш 3-0

Вчера: 

Шкупи - Академија Пандев 3-3

Работнички - Скопје 4-0