ПМФЛ(ВИДЕО):Шкупи и натаму втор, реми со Академија Пандев

Шкупи пропушти втора шанса за првпат да се искачи на врвот во ПМФЛ, по нерешените 3-3 со Академија Пандев останува на втората позиција зад Струга ТЛ која е слободна во ова 21 коло.

Академија Пандев се спаси од пораз со гол во 91 минута преку Трајков  во супер интересниот натпревар со шампионот Шкупи кој по поразот од Силекс сега не успеа да запише триумф против одличната во вториот дел Академија Пандев.

ВИДЕО:

https://twitter.com/dribling2021/status/1632017983252963330

 Работнички - Скопје 4-0,  двете скопски екипи натпреварот го  одиграа на стадионот во Велес. 

Останатите натпревари се играат утре, а се среќаваат: 

Брегалница – Шкендија

Победа – Силекс и 

 Македонија ЃП – Тиквеш