(ФОТО) Покажуваат надмоќ, мажите воздивнуваат: Македонки кои се соблекоа

Убавината е во окото на набљудувачот, ама многу е битно кој и каков е тој. Но, никој не може да биде рамнодушен на храброста на овие дами да се соблечат без предрасуди...

Скандал ваков, скандал таков… И излегле градите на една, друга го покажала задникот, трета се соблекла гола… И? 

Очигледно е дека тоа се само тела, добро оформени со гради, половина, колк и сакаат да ги покажат, за мажите убавина, за жените не сме сигурни. Уметност е голотијата кога не е претерана и пренагласена, а овие наши жени, паметни, успешни, смели сфатиле дека и разголени може да создаваат уметност, па дури и ако е платена. Иако кај повеќето, маркетиншка стратегија е во прашање, светов од другата страна отиде во вселената, па зошто тогаш да не се фотографираат без облека? Гледале и децата… Децата сега гледаат се` преку интернет! Перверзија било… Овде е перверзија скоро сето наше општество! Срам за семејството… Глупоста е отсуство на срам!

Македонките кои храбро се разголеа пред јавноста, тоа го направија на најдобар можен начин. На фотографиите изгледаат моќно, секси, самоуверено и естетски убаво. И денес инспирираат и иритираат, создаваат, немаат предрасуди и не живеат за туѓите озборувања. 

Актуелни се постојано, си ги градат кариерите и најчесто одат напред. Што прават приватно и какви се е нивна работа. Ги „хејтаат” често, ги сакаат, им се восхитуваат, ги навредуваат… Знаат тие добро дека сето ова е составен дел од работата. Ама така е насекаде кога некој е популарен. 

Она со што повеќето би се сложиле е дека на нивните разголени фотки изгледаат светски, стилски одлично усогласени и „пукаат” од сексипил. Оставија трага, па да видиме како изгледаат голи или полуголи:

Викторија Лоба

Се крена прашина кога снимаше календар разголена. Видовме друга, интимна страна на Лоба која ја сподели со сите. Нејзината убавина и во партали е забележлива, а камоли гола.

Тамара Тодевска

За неа имаше милион реакции кога го покажа голото тело. А има и што да покаже! Убавицата со златно грло изгледа заносно, „спакувана” во одличена сензибилна и моќна уметничка приказна.

Миа Костова

Таа е толку впечатлива, бунтовна и модерна, што и разголена уште повеќе инспирира. Иако се одлучи неодамна да ги корегира градите, и без тоа е синоним за вистинска женственост.

Марјана Станојкоска

Незиното тело и шарм  беа наградени и со светска титула за убавина. И разголена и облечена е поим за совршенство. Голем професионалец е и знае како се создава аура која ќе трае.

Ивана Кнез

Постојано крши стереотипи, табуа, правила… Модната дизајнерка драстично ослабе, има супер линија, па реши бестрашно да покаже како тоа изгледа и да ги инспирира девојките да не се плашат од своето тело.

Емилија Розман

Официјалната Мис на Македонија за 2015 година денес е уште поубава. Секогаш кажува дека нема проблем да се соблече кога е во прашање професионална фотосесија или спот бидејќи е свесна дека така се работи и на запад. 

Небојша Толески