Проверете дали имате предиспозиции за долг живот

Експертите се борат со децении со прашањето: Зошто одредени луѓе живеат 100 и кусур години? Прочитајте ги најновите откритија и како можете да го забавите стареењето...

На специјалната меѓународна конференција во Сочи, научниците зборуваа за најновото истражување спроведено на стогодишници. Еве што најдоа:

Како прво, треба да се напомене дека во Италија има повеќе стогодишници отколку во други земји. Тоа е 1 од 5 илјади. Научниците се обиделе да ја откријат тајната на 16.000 „супер здрави постари Италијанци“. Тие го проучувале нивниот животен стил, генетиката, метаболизмот, микрофлората и други важни фактори.

Откриено е дека повеќето стогодишници избегнуваат опасни заболувања кои се директно поврзани со староста. Овие стогодишници изгледаат подобро отколку, да речеме, некои луѓе во своите осумдесетти години.

Споредено со нас, стогодишниците се чини дека имаат некој заштитен ген што ги штити од сенилноста. Откриено е и дека овие стогодишници се неверојатно отпорни на „штетниците“ што предизвикуваат разни заболувања.

Заштитените гени се наследуваат. Во овој поглед, ако вашите родители се долговечни, тогаш вашите шанси да доживеете сто годни се исто така добри. Плус, децата имаат шанса да живеат долго, дури и ако нивните татко и мајка не живееле долго - тие само треба да го погледнат животниот век на нивните баби и дедовци.

За време на студиите, анализите покажале дека стогодишниците имаат посебни бактерии во цревата, односно нивната микрофлора се разликувала од вообичаените. Микрофлората содржи бактерии кои му помагаат на телото да се подмлади. Научниците ја испитуваат можноста за трансплантација на оваа бактерија кај обичните луѓе со цел да се продолжи животот.

Но, правилната исхрана може да доведе до идеална микрофлора на цревата. И научниците сметаат дека станува збор за медитеранска диета која е полна со маслиново масло, овошје, зеленчук, свежа риба.

Студијата покажа дека повеќето стогодишници се вегетаријанци, бидејќи, како што знаете, протеинска диета значително го забрзува процесот на стареење.

Исто така, консумирањето на слатки го влошува здравјето и го скратува животот.

Да резимираме: овие 5 знаци се предуслов за долг живот

1. Наследство (родени сте во семејство на стогоишници)

2. Правилна исхрана (јадете свежо овошје и зеленчук, маслиново масло, риба додека избегнувате слатки)

3. Редовна физичка активност (многу одење, движење постојано)

4. Отпорност на стрес.

5. Ја сакате работата што ја работите, имате хоби.