Сакате природен витамин Д: Вежбајте на ладно и „барајте го“ сонцето

Трошење на повеќе калории


Со вежбањето надвор, вашето тело ќе се труди да ја регулира телесната температура, па затоа на овој начин ќе потрошите повеќе калории, отколку да вежбате дома. Трошењето на калории е различно кај секој човек, тоа варира со телесната маса и екстремноста на температурата. Затоа, сега за време на празниците кога сите накачуваме по некој килограм плус, ова ќе биде одличен начин побрзо да потрошите поголем број на калории.

Се зајакнува срцето

Студеното време прави срцето да дистрибуира повеќе крв низ телото. Многу е важно вежбањето да биде регуларно, за мускулите на срцето да зајакнат, а со тоа телото ќе биде подготвено на повеќе вежби во иднина.

Ќе пиете повеќе вода

Многу е важно постојано да бидете хидрирани, а со вежбањето надвор тоа ви е овозможено. Со тоа ги намалувате факторите кои предизвикуваат опасност по вашето здравје. Вашето тело ќе продолжи да се поти, но потта побрзо испарува на студен и сув воздух и на тој начин прави како телото да изгубило помалку вода. Пиењето вода пред, за време на, и по вежбањето надвор ви помага да одржите врвна ефикасност, телото го штити од повреди и го одржува топло од почетокот до крајот на вежбањето.

Ќе чувствувате отпорност кон замрзнувањето

Можеби ќе ви биде тешко да се натерате да почнете со првите вежби на студеното време, но со текот на времето ќе ви станува полесно. Многу е важно да ги прилагодите вашите очекувања на навикнување на студеното време. Обврнете внимание на напорот кој го вложувате, а не се замарајте со тоа колку време ви е потребно, едноставно уживајте во вежбата.

Ќе ја запомните важноста на рутините за загревање и ладење

Правилните движења за загревање и ладење се многу важни за одржување на телото во добра форма, а најважни се кога станува збор за вежбањето надвор. Одржувањето на телото топло и загреано за време на вежбањето надвор ќе ви помогне да спречите извртувања, исчашувања, кинење на мускулни влакна и слични повреди. Исто така ќе ве охрабри да станете професионалец во движењата за загревање и ладење, односно да ја задржите телесната температура покачена и да ги намалите непотребните стегање предизвикани од студениот воздух.

Ќе го покачи нивото на витамин Д

Времето е студено, но тоа не значи дека вие не сте изложени на сонце. Како и во летните денови, така и во зимските сончевите зраци допираат до вашата кожа, а во зима тоа повеќе се чувствува бидејќи природната светлина е ограничена. Иако е зима, запомнете секогаш да носите очила за сонце откако кожата ќе биде изложена 10-15 минути на сончевата светлина.

Ќе се зголеми чувството на среќа и енергија

Вежбањето надвор во зима исто така успева да го подобри расположението, благодарение на недостатокот на влажност, што во летните денови прави да се чувствувате тешко поради тешкиот воздух. Бидејќи телото се труди да остане топло, количеството на ендорфин се зголемува и на тој начин вие сте посреќни и чувствувате леснотија по вежбањето.