Само едно пиво на дневно може да ве заштити од една болест

Пиењето на една чаша пиво или вино секој ден може да го држи дијабетисот (тип 2) подалеку од вас. Пиењето на умерена количина алкохол може да го подобри метаболизмот на глукозата во крвта.

Дијабетисот (тип 2) има намалена можност да ја разгради глукозата, поради што доаѓа до зголемување на нивото на шеќерот во крвта, инсулинската резистенција и дебелеењето.

Алкохолот може да доведе до сериозни промени во нивото на шеќерот во крвта, а количината шеќер води до дебелеење, која е еден од предизвикувачите на дијабетисот. Резултатите од истражувањата треба да бидат претставени на годишната средба на Европската асоцијација. Темата е врската помеѓу конзумирањето на алкохол и дијабетисот (тип 2).

Пиењето на алкохол го подобрува метаболизмот на глукозата, кој го смалува нивото на инсулин. Високото ниво на глукоза предизвикува неможност да се одговори на инсулинот и поттикнува панкреасот да произведува повеќе инсулин. Како последица на тоа расте шеќерот во крвта, се зголемува шансата да се развие инсулинската резистенција и дијабетисот (тип 2).

Конзумирањето на алкохолот е поврзано и со намалувањето на нивото на триглицеридите, масти кои најчесто се наоѓаат во храната. Зголемените триглицериди доведуваат до развој на срцевите заболувања, пишува Дејли Мејл. Лошиот и добар холестерол исто така се менуваат, а за дијабетичарите е многу важно холестеролот да биде во границата на нормалата.

Алкохолот кој се препорачува е чаша пиво или 200 мл. вино со 12% алкохол или пак 50 мл. пијалок со 40% алкохол.