Се оженил со три жени истовремено, а потоа една открила ШОКАНТНА ВИСТИНА: Барал само РАЗВЕДЕНИ – еве зошто

50-годишниот Хенри Бетзи Џуниор од Флорида избегна затворска казна иако беше прогласен за виновен за бигамија, откако беше откриено дека истовремено бил оженет со три жени – без ниту една од нив да знае за другите.
Хенри ја запознал Тонја преку Tinder и се оженил со неа во ноември 2020 година. Две години подоцна, склучил брак со Бренди во друг округ, а потоа и со Мишел, која ја запознал преку сајтот Match.com. Сите бракови ги склучил во различни окрузи – што овозможило привремено да ги избегне контролите на системот.
Целата измама почнала да се расплетува кога Тонја го пребарувала неговото име во судските евиденции, по што ги открила и другите два брака. Трите жени – емотивно повредени – решиле да проговорат јавно.
На суд, Хенри доби условна казна од две години и обврска за 100 часа општествено-корисна работа. Во салата за време на судењето присуствувала и неговата нова девојка, која сè уште не е именувана.
Жените го опишале Хенри како „шармантен манипулатор“ кој намерно барал разведени и осамени жени за да ги искористи – како емотивно, така и финансиски. Сите три сведочеле дека имал обиди да дојде до нивните банкарски сметки.
Мишел и Тонја поднеле барања за заштита од семејно насилство, додека браковите се во процес на поништување. Судот ја критикувал флексибилноста на системот кој овозможил ваква измама да се случи без навремена контрола.
Извор: Telegraf.rs