Се продава првиот робот куче на светот
Бостон Динамикс лансираше робот кој ќе служи како куче помошник ...
Сите наши визии за иднината вклучуваат роботи и вештачка интелигенција. Иако многумина мислат дека роботскиот свет никогаш нема да се оствари, Бостон Динамика од ден на ден докажува дека роботите стануваат дел од нашето секојдневно општество и ќе ни го олеснат правењето разни работи.
Затоа тие создадоа робот со име Spot, кој беше создаден да биде асистент на градилиштата, магацините и другите работни места.
Spot е едноставно дизајниран и има 4 тенки и флексибилни нозе кои му овозможуваат да се движи наоколу буквално на кој било терен, неговиот грб е исправен и може да послужи како место за ставање работи, кои Spot ќе ги носи до вашата посакувана локација. Може да носи и до 14 килограми, што го прави многу корисен помошник. Неговата најголема брзина е 1,6 метри во секунда, што значи дека може да се брка со вас додека трчате, а со едно полнење може да работи цели 90 минути, давајќи ви многу време да го користите.
Може да работи и на дожд, како и на многу ниски температури. Има камера од 360 степени, така што автоматски ги избегнува судирите и ја бара најбрзата и најефикасната рута.
Програмиран е да биде асистент и работник, но се претпоставува дека ќе се најде и во слободна продажба, каде луѓето ќе можат да го користат во своите домови.