Северина одмара на луксузна дестинација: Покажа со кој маж ужива надвор од Хрватска
Северина
првиот месец од годината го користи за одмор во топлите краишта, а со себе го понесе и своето друштво.
По дочекот на Новата година во Црна Гора, Северина (51) се одмара на егзотични дестинации, а со своите следбеници сподели со кој патува.
- Живееш во облаци, мала - напиша пејачката на својата инстаграм приказна со фотографија од авион, а потоа покажа дека е во друштво на нејзиниот пријател и ПР, Давор Гргин.
По пристигнувањето на дестинацијата се сместиле во луксузен хотел со базен кој има поглед на островите сличен на оној во Тајланд. А ја фотографирала и плажата Рајлеј и објавила селфи во костим за капење.
Со нив на одмор е Ива Радиќ, долгогодишната пријателка на Северина која и е голема поддршка во сите моменти од животот.
Фото: Инстаграм
Извор:24sata.hr