Спорт // Спорт
Шкендија бара победа против АИК, Шаќири најавува поинаков натпревар од оној во Стокхолм
Шкендија вечева од 20 часот, го пречекува АИК од Стокхолм на Националната Арена „Тодор Проески“, реванш натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига.
Првата средба заврши со 1-1, Шкендија има убава шанса за пласман во следната рунда, потребна е победа.
Артим Шаќири најавува поинаков натпревар за вечерва во однос на оној од минатиот четврток.
„Ова ќе биде поразличен натпревар од првиот, сега мора да има победник. Ништо нема да значи нерешениот резултат од Стокхолм доколку не победиме. Ние размислуваме само на победа, било како, па и на пенали. Искрено верувам дека можеме да го елиминираме овој противник, кој добро го познавам затоа што две години играв во Шведска – изјави Шаќири.
ФОТО: ФК ШКЕНДИЈА/ФЕЈСБУК