Шкупи денеска има шанса да се искачи на првата позиција во ПМФЛ

Шкупи има нова шанса да го преземе врвот за првпат сезонава под претпоставка дека ќе   ја победи Академија Пандев, средба од 21 коло која се игра во Кичево. 

 Академија Пандев  има доста измени во составот, и може да биде незгоден противник за Шкупи кој во минатото коло зашиша пораз на гостувањето во Кратово и не ја симна Струга ТЛ од врвот која овој викенд е слободна. 

Денеска се игра и средбата  Работнички - Скопје, а двете скопски екипи ќе играат  на стадионот во Велес. 

Останатите натпревари се играат утре, а се среќаваат: 

Брегалница – Шкендија

Победа – Силекс и 

 Македонија ЃП – Тиквеш