Што никогаш не смее да се најде во рачниот багаж кога патувате со авион?
Рачниот багаж е едно од големите прашања на кои барате одговор кога го планирате вашето патување, но никогаш не е лесно да се подготвите особено поради строгите правила на некои авио компании.
Навистина е незгодно да се спакува рачниот багаж за патување со авион особено со комерцијалните компании кои максимално го имаат скратено списокот на дозволени работи.
Колку и да ви е тешко да оставите некои работи дома и да не ги носите на патувањето, изгледа сепак ќе мора да го направите тоа за да избегнете непријатности.
Основачот на компанијата за превоз на багаж Send My Bag, Адам Евант ги сподели со сите своите топ трикови за пакување. Советува да не пакувате тоалетна хартија, бидејќи сигурно може да ја купите во земјата во која патувате.
„Постојат уште неколку тешки и гломазни амбалажи исполнети со течности, гел и аеросоли, а може да се случи и да протечат и да предизвикаат опасност по безбедноста. Течностите како шампон, балсам за коса, купка и лосион за сочање можете да купите и на таа дестинација на која патувате“ - рече тој.
Многу е веројатно овие работи да ги добиете во хотелот во кој ќе престојувате, пишува express. Со тоа во голема мера намалете ја количината на алишта кои ги носите со себе.
„Доколку престојувате во хотел, погледнете на сајтот што тој хотел нуди. Доколку не ги најдете тие податоци пишува хотелот“ - советува тој.
Некои авио компании дозволуваат помали куфери и торби со тежина од 10 килограми по личност. Просторот во кабините е ограничен, а доколку не сте некој кој нема со задоволство да плати за да има поголем куфер, тогаш поведете сметка околу пакувањето.