Швајцарецот шокира! Федерер со нова одлука го остави тенискиот свет во шок! За сѐ е виновна сопругата Мирка!

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се реши на една прилично чудна одлука, навистина голема. Имено, некогаш првиот играч на светот и легендата на „белиот спорт“ ќе ги пропушти Олимписките игри во Токио ова лето, а за сè е виновна неговата сопруга Мирка Федерер.

Според угледниот „Блик“, Федерер не сака да патува во Токио, сето тоа поради правилата што ќе ги воведе Меѓународниот олимписки комитет (МОК) пред претстојните Олимписки игри. Не сите луѓе надвор од светот на спортот ќе можат да влезат во Олимпиското село, што значи дека Роџер би бил одделен од сопругата и децата повеќе од 14 дена. Токму затоа го промаши Австралија опен.

Швајцарецот не сака да се случи такво нешто и затоа е подготвен да се откаже од најмасовното спортско натпреварување што ќе се одржи од 23 јули до 8 август.