СКАНДАЛ НАД СКАНДАЛИТЕ: Она што Новак Ѓоковиќ го доживеа од АТП е срам што никој не може ни да го замисли

Она што Новак Ѓоковиќ го доживеа од Асоцијацијата на тениски професионалци доведе до вистинска бура.

Имено, спрскиот ас неодамна, на иницијатива на „колегите“ го напушти Советот на играчите на АТП, со кој претседаваше, затоа што тие од него го побараа ова кога оформи сопствена организација, Здружение на професионални тенисери (ПТПА), а сега, кога другите тенисери се кандидираа, како лидер на ПТПА, да биде нивен претставник во истиот тој Совет на играчи - АТП го забрани враќањето.

И тоа воведувајќи го правилото со кое тоа се забранува - скоро „преку ноќ“.

Со Советот на играчи сега претседава Кевид Андерсон, а „главниот збор“ го имаат Рафаел Надал и Роџер Федерер и тие воопшто не кријат дека се против идејата на Ноле да формира еден вид на тениски сојуз, што Ноле го стори за време на УС Опен. Згора на тоа, додека ја претставуваа организацијата, Рафаел и Роџер испратија писмо до сите машки актери на „белите спортови“ барајќи од нив да не се приклучат на ПТПА, оправдувајќи со зборовите „дека не е време за никакви поделби, туку за единство во овие тешки („пандемиски моменти“).

Ѓоковиќ го формираше своето Здружение со цел некако да се слушне гласот на „помалите“ играчи, за кои АТП подготви „кратење на буџетот“, односно помали награди за учеството во квалификациите и испаѓањето во првите кругови на натпреварите. Секако, тоа не е единствениот проблем со кој се соочуваат тенисерите, а токму Ѓоковиќ, со Васен Поспишил од Канада, кој сакаше да го реши со формирањето на Синдикатот. Десетина играчи веднаш им се придружија, започнаа преговири со некои од водечките светски тенисерки како Серена Вилијамс, а потоа...

Шок.

Имено, откако Новак беше поразен од Данило Медведев во вториот од трите круга на прелиминарната фаза на завршниот мастер, во Лондон, Ноле им откри на новинарите што му подготвиле од АТП:

„Гледам дека објавивте дека Васен и јас баравме да се вратиме во Советот, што не е точно. Јас бев номиниран од играчите, тоа така и воопшто функционира. Јас не се борев проактивно да влезам во Советот на играчи, но бев предложен од голема група тенисери и јас сум горд што ги претставувам. Затоа ја прифатив номинацијата, како и Васек. Едноставно почувствувавме дека постои одредена одговорност кога колегите ќе ве предложат. Тоа значи дека ви веруваат, дека имате кредибилитет кај многу играчи, па затоа се ставивме на располагање. Но, потоа управата на АТП донесе ново правило, кое практично забранува било кој активен играч да биде во Советот на играчи доколку истовремено е во некоја друга организација. А тоа е разочарувачки, да бидам искрен“ - рече Новак Ѓоковиќ.

Тој потоа ја повтори важноста на ПТПА:

„Ниту една организација, а ниту историјата на тенисот, не ги застапувала правата на тенисерите. Ние сме дел од АТП, кој се состои од 50% од тенисерите и исто така 50% од претставниците на турнирите кои во повеќето случаи имаат конфликт на интереси. Играчите кои го потпишаа документот со кој изразија желба да бидат дел од ПТПА го изразија своето незадоволство за начинот на кој функционира системот овие денови, особено кон пониско рангираните тенисери. Затоа го формиравме ова Здружение. Ние сакаме да соработуваме со АТП, но ова гласање беше силна порака од Асоцијацијата на тенисерски професионалци дека воопшто не го сакаат ПТПА во системот“ - посочи асот.

Конечно, тој го додаде следното: 

„Тие не сакаат ниту еден тенисер да биде и во Советот на играчи и во ПТПА истовремено. Тоа е сосема јасно сега. Имавме неколку разговори со АТП за тоа како можеме да работиме заедно. И ние сме свесни, како тенисери, за тоа што заслужуваме и се бориме за подобар третман“ - заклучи Ноле.