„Спијам со оженети мажи за пари, а поради овие 5 причини ги изневеруваат своите сопруги: Не се ни свесни каде грешат“
Ескорт дама која спие со оженети мажи откри 5
причини зошто ги изневеруваат своите сопруги
Популарна австралиска ескорт девојка тврди дека спасила бројни бракови спиејќи со оженети мажи. Сексуалната работничка и ѕвезда на филмови за возрасни, Бони Блу, изјавила дека никогаш не ги осудува оженетите мажи затоа што бараат нејзини услуги, туку ги обвинува нивните сопруги дека „премногу се жалат“ и „не знаат како да ги задоволат своите сопрузи“, пренесува Њујорк пост.
25-годишната девојка откри дека многу оженети мажи плаќаат 1.000 долари на час за да имаат секс со неа додека нивните сопруги и деца се дома. Таа додаде дека многу сопрузи ги користат нејзините услуги за „да го спасат својот брак“ и да станат подобри сопрузи. „Жените треба да бидат благодарни што спијам со нивните сопрузи“, рече таа. Спиењето со мене може да биде еднократно, без пораки, телефонски повици доцна навечер или тајни подароци.
Таа тврди дека нејзиниот просечен приход е 13.000 долари дневно, а во периоди на најголем „сообраќај“ и оди и до 33.000 долари. Таа рече дека заработила повеќе од милион долари минатата година. „Тоа никогаш не изгледа како работа. Платена сум да уживам во задоволството и за тоа ќе бидам засекогаш благодарна“, вели таа. „Отсекогаш сум имала различни клиенти, од обожаватели до оженети мажи кои само сакаат одмор од метежот и вревата на секојдневниот живот“.
„Воопшто не ги обвинувам сопрузите што платиле придружба. Ги обвинувам жените“, продолжува таа, „Повеќе жени треба да научат како да ги задоволуваат своите мажи, да се жалат малку помалку и можеби нема да имам толку многу посети од нивните сопрузи“.
Бони ги откри и петте најчести причини зошто оженетите мажи и плаќаат за секс - вклучувајќи го и фактот дека е „поубава од нивните сопруги“. „Првата главна причина е тоа што нивните сопруги не ги задоволуваат своите сопрузи на начинот на кој тие би сакале да бидат задоволни“, објасни таа, „Втората причина може да биде тоа што тие само сакаат да се одвлечат од стресот на секојдневниот живот. Кога ме гледаат се ослободуваат од стресот, а потоа можат да се вратат кај своите семејства и да бидат подобри сопрузи и татковци.
Таа продолжува: „Третата е дека едноставно им е досадно да спијат со иста личност толку долго и сакаат возбуда. Четвртата причина е што спиењето со порно ѕвезда е фантазија за толку многу луѓе, така што спиењето со мене може да го оживее тој сон. И последната причина е што сум поубава од нивните сопруги. Толку е едноставно'.
Додека многу мажи на почетокот ќе се обидат да го сокријат фактот дека се во брак, таа ги уверува дека не осудува и дека е безбедно место да зборуваат за нивните чувства доколку имаат потреба. „Мажите секогаш ми кажуваат за нивните бракови“, вели таа, „Тие често ќе се обидат да го скријат фактот дека се во брак со вадење на бурмата. Но, набрзо сфаќаат дека сум многу приземна и отворено зборуваат за нивниот брак. Тие разбираат дека не ги осудувам, што им овозможува да бидат отворени и искрени“.
„Најчестите проблеми што ги слушам се недостатокот на секс, неодвојувањето време еден за друг, некомуницирањето и неисполнувањето на потребите“, рекла Бони и додала дека не ѝ пречи негативноста или критиките во врска со нејзиниот животен избор и кариера.
Фото: Инстаграм