Свадбениот подарок од кумата го отворила по 25 години: Кога видела што има во кутијата, занемела

Ден по свадбата повеќето младенци со чувства на радост ги отвораат подароците и ковертите со пари.
Но, еден брачен пар доживеал вистинско изненадување при отворањето на една од честитките.
Кери Ен во 2000 година од својата кума добила подарок со загаточна порака:
„Да не се отвора до 29 јули 2025 година.“
И таа навистина ја испочитувала желбата на својата најдобра пријателка.
Четврт век чекање
Кутијата станала дел од нејзиниот живот – сведок на бројните преселби и патувања, од Америка до Европа и Карибите, следејќи ја воената кариера на нејзиниот сопруг.
„Патуваше речиси колку и ние“, се потсетува Кери. Иако честопати била во искушение да погледне што има внатре, секогаш одолевала. „Знаев дека станува збор за нешто посебно.“
Моментот на вистината – пред милиони
На 25-годишнината од бракот, по инсистирање на децата, решиле да ја отворат кутијата – а Кери ја споделила целата приказна на TikTok. Видеото веднаш станало вирално.
Внатрешноста ги оставила без зборови:
не биле обични подароци, туку честитки и рачно напишани пораки од пријатели и роднини.
Најемотивен бил моментот кога ја видела пораката од својата мајка, која починала пред осум години. „Како повторно да беше тука со мене.“
Временска капсула од 2000-та година
Во пораките имало сè – модни совети („чувај ги „ѕвонцарите“ – пак ќе дојдат во мода!“), спортски коментари, шеги и трачеви од тоа време.
„Беше како мал временски пат – одеднаш се вратив во тој период.“
Ново семејно наследство
Од едноставен гест на кума, се родила нова традиција.
Семејството одлучило кутијата повторно да ја запечати – овој пат со датум 2050 година, кога се надеваат дека ќе ја одбележат својата 50-годишнина од брак.
„Можеби тогаш нашите деца ќе ја продолжат оваа традиција,“ вели Кери.
Kurir.rs