„Таа е љубовта на мојот живот, не ми треба подобра“: Англискиот репрезентативец им ја затвори устата на оние кои ја навредуваат неговата сопруга
Вечерва на Олимпискиот стадион во Берлин се борат репрезентациите на Англија и Шпанија во финалето на Европското фудбалско првенство, а љубителите на спортот со нетрпение го очекуваат овој дуел и прогласувањето на шампионот. И додека чекаме да видиме дали Шпанија ќе се врати на фудбалскиот трон или Англичаните по 56 години ќе успеат да освојат голем трофеј на меѓународната сцена, да погледнеме наназад на она што ни е интересно на нас жените – љубовта и семејниот живот на играчот.
Годинава имаше неколку лични драми во репрезентацијата на Англија предводена од Кајл Вокер, еден од столбовите на одбраната на репрезентацијата, кој во текот на целиот шампионат од трибините го бодреа и неговата сопруга и неговата поранешна љубовница. И двајцата доаѓаат во финалето, пренесуваат британските медиуми.
Интересна е и приказната за англискиот играч за врска Деклан Рајс, иако многу посреќна. Имено, Рајс е вљубен во сонародничката Лорен Фрајер уште од неговите тинејџерски денови, а нивната врска често е во фокусот на јавноста. Не, тие воопшто не водат таблоиден живот, напротив - тие се во цврста и стабилна врска, иако не се во брак, а во нивната врска не е вмешан ниту еден скандал.
Сепак, Лорен и Деклан и понатаму се главна тема на социјалните мрежи и во коментарите под текстовите ширум интернет. Но на луѓето од ширум светот им “боде очи“ изгледот на оваа млада дама - многумина тврдат дека таа не е физички пар за Деклан и дека тој можел да се најде „поубава и позгодна“.
Ваквите коментари се присутни откако фудбалерот се прослави, а повторно се вжештија откако Лорен беше забележана во публиката за време на тековното Европско првенство во Германија. Поголемиот дел од злобните критики се сведуваат на истото – сите тврдат дека Рајс има ниски стандарди и дека можел „подобро“ со сите свои милиони. Забелешките беа толку остри што на крајот на април, кога интернет коментаторите првпат почнаа да ја навредуваат, Лорен ги избриша сите нејзини објави од социјалните мрежи. Пред тоа често споделуваше заеднички фотографии и моменти на одмор и уживање со својот избраник.
Двојката се запознала во средно училиште кога и двајцата имале 17 години и оттогаш се неразделни. Тие живеат заедно во Лондон, а во август 2022 година го добија синот Џуд. Тие ја чуваат својата врска подалеку од очите на јавноста, а Рајс само еднаш проговори за Лорен на прес-конференција, а тоа беше откако доби грди коментари за неа.
Фудбалерот истакна дека е искрена, духовита, убава и љубезна и дека ја сака повеќе од се, и дека таа му е прибежиште кога се чувствува осамено. Таа е љубовта на мојот живот и не ми треба подобра“, изјави Деклан Рајс.ФОТО: инстаграм