„Таа е ЉУБОВТА НА МОЈОТ ЖИВОТ, не ми треба подобра“! Сите му кажуваат на англискиот репрезентативец дека неговата сопруга е „дебела“, тој ги замолчи на најдобар начин
на Олимпискиот стадион во Берлин се сретнаа репрезентациите на Англија и Шпанија во финалето на Европското фудбалско првенство, а круната и припадна на Фуријата. Англичаните по 56 години не успеаја да освојат голем трофеј на меѓународна сцена, но
Годинава имаше неколку лични драми во репрезентацијата на Англија предводена од Кајл Вокер, еден од столбовите на одбраната на репрезентацијата, кој од трибините го бодреа и сопругата и неговата поранешна љубовница во текот на целиот шампионат. И двете присуствуваа на финалето, како што пренесуваат медиумите.
Интересна е и приказната за англискиот играч за врска Деклан Рајс.
Имено, Рајс е вљубен во сонародничката Лорен Фрајер уште од неговите тинејџерски денови, а нивната врска често е во фокусот на јавноста. Не, тие воопшто не водат таблоиден живот, напротив - тие се во цврста и стабилна врска, иако не се во брак, а во нивната врска не е вмешан ниту еден скандал.
Сепак, Лорен и Деклан се уште се главна тема на социјалните мрежи и во коментарите под текстовите низ целиот интернет. Луѓето ширум светот се „оптоварени“ од изгледот на оваа млада дама - многумина тврдат дека таа не е физички достојна за Деклан и дека тој можел да се најде „поубава и пожешка“.
Ваквите коментари се присутни откако фудбалерот се прослави, а повторно се вжештија откако Лорен беше забележана во публиката за време на тековното Европско првенство во Германија. Поголемиот дел од злобните критики се сведуваат на истото - сите тврдат дека Рајс има ниски стандарди и дека можел „подобро“ со сите свои милиони. Забелешките беа толку остри што на крајот на април, кога интернет коментаторите првпат почнаа да ја навредуваат, Лорен ги избриша сите нејзини објави од социјалните мрежи. Пред тоа често споделуваше заеднички фотографии и моменти на одмор и уживање со својот избраник.
Двојката се запознала во средно училиште кога и двајцата имале 17 години и оттогаш се неразделни. Тие живеат заедно во Лондон, а во август 2022 година го добија синот Џуд. Тие ја чуваат својата врска подалеку од очите на јавноста, а Рајс само еднаш проговори за Лорен на прес-конференција, а тоа беше откако дадоа грди коментари за неа.
Таа е љубовта на мојот живот и не ми треба подобра“, изјави Деклан Рајс
Фудбалерот истакна дека е искрена, духовита, убава и љубезна и дека ја сака повеќе од се, а таа е неговото прибежиште кога се чувствува осамено.