Тика Шпиц во врска со 19 години помлада италијанска актерка: Нема да поверувате со кого бил во врска претходно

Глумецот Предраг Смиљковиќ, кој јавноста многу повеќе го знае по улогата на Тихомир Стојковиќ – Тика Шпиц, се прослави со култните серии „Породично благо“ и „Бела лаѓа“. По големата популарност, тој донесе одлука да се повлече од јавноста.
Сепак, неодамна повторно се најде во фокусот на интересот кога откри дека е во врска со младата италијанска актерка Јелена Гандоси.
„Оваа личност покрај мене, ако влезе во кадар, е Јелена Гандоси… Сега сме во емотивна врска. Можно е да имаме и проект од меѓународно значење – копродукција со Италија. Ќе видиме… Не би зборувал многу однапред, но тоа може да биде голема приказна,“ изјави Смиљковиќ.
Двајцата на социјалните мрежи ја споделија и својата прва заедничка фотографија од патување. Иако Предраг има 55 години, а Јелена 36, разликата во години очигледно не им пречи.
Интересно е што малкумина знаат дека Тика Шпиц бил во врска и со колешката Биљана Николиќ, која во „Породично благо“ ја играше неговата сопруга Жаклина Жаке Стојковиќ. Тој подоцна откри дека биле во „сериозна врска четири години“ и дека меѓу нив постоела „чудна симбиоза на енергиите“.
Извор: Kurir.rs