ТРЕНЕРОТ НА НОВАК СО КРАТКА И МОЌНА ПОРАКА: До сега молчеше, а сега се огласи и тој и Јелена Ѓоковиќ!

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот тенисер на светот, објави илустрација во која Новак оди со наведната глава и скршено срце од теренот на УС Опен.

Цртежот е дело на илустраторот Аладин Табаковиќ, кој насликал раце во златна боја околу Новак, од кои едната става круна на главата на тенисерскиот ас додека другата рака му нуди срце.

Самиот Новак е насликан во големо срце, додека другите раце го тешат или му помагаат со торбата, со што му обезбедуваат поддршка за она што се случи во Њујорк.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on



- Ова е толку моќно и длабоко. Прекрасен цртеж, благодарам Аладин. Одиме, љубов - напиша Јелена Ѓоковиќ под фотографијата, пренесува Телеграф.

И тренерот на Новак, Маријан Вајда, кој не се огласи до сега, испрати порака за поддршка до својот штитеник, со истиот цртеж !.



Вајда на својот официјален Инстаграм профил објави „стори“. Да потсетиме, Вајда не беше со Новак во Њујорк.


Фото: Инстаграм и Твитер/ RAS Srbija

Можеби ќе ве интересира: