Вардар му ја препушта фаворитската улога на Веспрем, но секако нема да се предаде
Вечерва во 20 часот и 30 минути во Задар, нашиот Вардар игра против Веспрем во големото финале од СЕХА лигата. Иако годинава македонскиот тим го брани трофејот, Унгарците се сериозен фаворит за победа.
Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски во пресртет на финалето изјави дека шампионот на Унгарија е фаворит на вечерашната средба, но иако Вардар му ја препушта фаворитската улога на Веспрем, во ниту еден случај нема да се предаде без борба.
Ова ќе биде трет финален дуел меѓу Вардар и Веспрем во финалињата од СЕХА лигата. Во сезоната 2015/16 во Вараждин победи Веспрем, а Вардар се реваншираше година потоа во Брест.
Во сегашниот тим на Веспрем на тимот од поранешни Вардарци им се приклучи и Данил Шишкарев кој за прв пат ќе игра против нашиот тим. Таму се уште и Дејан Манасков, Рожерио Мораеш, Хорхе Македа и Вуко Борозан.
Тренерот на унгарскиот тим, Давид Дејвис не крие дека нивната цел е трофејот и потенцира дека се тотално подготвени за вечерашното финале против Вардар.
Пред натпреварот меѓу Вардар и Веспрем, од 18 часот играат Загреб и Мешков Брест во борба за третото место.