Вистински фан: Панчо ги истетовира имињата на македонската фудбалска репрезентација (ФОТО)

Музичарот Владмири Блажев или попознат како Панчо го овековечи историскиот упсех на македонската фудбалска репрезентација со тетоважа.

„Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи.

Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех.

Браво момци, херои наши. МАКЕДОНИЈА на европско 2021 “