Во јануари ја побара раката на својата сакана, сега очекува принова: Портпаролот на ВМРО, Димче Арсовски ќе стане татко

Откако на почетокот на година, поточно на денот на својот роденден ја побара својата девојка за жена, потпаролот на ВМРО - ДПМНЕ, Димче Арсовски има уште една причина за славење.

Имено, неговата избраничка ќе му подари наследник, а оваа вест исто како и онаа за запросувањето ја сподели Соња на својот Инстаграм профил.

Среќните вести со јавноста ги сподели и потпаролот во емисијата „Магазин“, која се емитува на ТВ Сител.

Инаку, вереницата на Димче, Соња Тодорова по потекло е од Струмица, но веќе неколку години живее и работи во Скопје.