Цар бомба, најсилната нуклеарка на светот

Бомбата фрлена на Хирошима во 1945 година имаше моќност од 15 килотони, а најсилната досега тестирана нуклеарна бомба произведе експлозија посилна 3.300 пати.

Сегашното најсилно оружје во арсеналот на американскиот „Б83“ може да предизвика нуклеарна експлозија до 1.200 килотони.

Воените страници наведуваат дека човештвото изминало долг пат во рафинирање на нуклеарно оружје и открива дека САД ја тестирале својата најсилна бомба досега за време на операцијата Браво во 1958 година.

Таа предизвикала  експлозија од 15.000 килотони, што е повеќе од 1.000 бомби фрлени на Хирошима.

Но, апсолутен носител на рекорд е Советската „Цар бомба – Царска бомба“, тестиран на 30 октомври 1961 година. Тоа е најсилното оружје детонирано досега.

Таа бомба произведе експлозија од 50.000 килотони, што е 3.300 пати помоќно од онаа што падна на Хирошима.

Облакот во форма на печурки создаден од експлозијата на оваа бомба далеку ги надмина сите на планетата дури и самиот Мон Еверест.

Висината на облаците беа 64.000 метри.

Денес, постојат околу 14.000 нуклеарни оружја во светот.