Алкохолот не го оштетува во таа мера црниот дроб колку оваа состојка: Сите ја конзумираме, но не сме свесни каква штета си правиме
Можеме со денови да ги јадеме, телото едноставно ги бара, но треба да знаеме дека организмот реагира на сè што внесуваме. Затоа, и кога намирниците на прв поглед изгледаат здраво, тие можат негативно да влијаат на нашето здравје.
Голема е заблудата дека само алкохолот ја оштетува црниот дроб – постојат многу полоши навики што секојдневно ги практикуваме.
Фруктозата – тивкиот убиец на црниот дроб
Истражувањата покажуваат дека внесувањето дури и умерени количини додадени шеќери може да ја удвои продукцијата на масти во црниот дроб, што води до масна болест на црниот дроб и дијабетес тип 2.
Дури и мали количини шеќер можат да предизвикаат промени во метаболизмот.
Во студија објавена во Journal of Hepatology било утврдено дека фруктозата во течна форма силно влијае на метаболизмот на црниот дроб. Учесниците во студијата, иако не внесувале повеќе калории, развиле зголемено создавање масти само со консумирање пијалаци засладени со шеќер. Ова е јасен доказ дека црниот дроб страда не само од вишок калории, туку и од делувањето на преработениот шеќер.
Американското здружение за срце советува дневниот внес на додаден шеќер да не надминува 6% од вкупниот дневен енергетски внес (околу 25 грама или 6 лажички за жени). Сепак, просечниот внес е многу поголем поради скриениот шеќер во преработената храна. Флаширани пијалаци, особено газирани и овошни сокови, се вистински аларм за опасност.
Навики поради кои црниот дроб страда
Шеќер и засладени пијалаци
Газирани и енергетски пијалаци, десерти и слатки се полни со додаден шеќер кој црниот дроб го претвора во масти, бидејќи не може да го искористи како енергија.
Рафинирани јаглехидрати
Сите видови печива и колачи направени од бело брашно – ѓевреци, крофни, лепчиња за хамбургер или хотдог – брзо го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и можат да доведат до инсулинска резистенција.
Преработена храна
Замрзнати оброци, готови јадења во кутии или конзерви содржат рафинирани јаглехидрати, шеќери и сол, што претставува дополнителен товар за црниот дроб.
Црвено месо
Иако е хранливо и препорачливо за лица со анемија, црвеното месо е извор на заситени масти кои можат да предизвикаат масна дегенерација на црниот дроб. Храната со висока содржина на масти го зголемува нивото на триглицериди и го оптоварува метаболизмот.
Иако за штетноста на алкохолот не треба посебно да се зборува, важно е да се знае дека дури и умерената консумација придонесува за дополнително натрупување масти во црниот дроб.
Извор: espreso.co.rs / Фото извор: Freepik