Ериксен испрати порака од болницата: Огромно благодарам
Сепак е добар и покрај тоа што животот му висеше на конец...
Кристиан Ериксен испрати порака до фановите од болницата во Копенхаген, каде беше примен после инцидентот на мечот со Финска.
29-годишниот плејмејкер доживеа срцев удар на теренот и само брзата реакција на капитенот Кјаер и на медицинскиот тим му го спасија животот.
Ерииксен во моментов е во болница, каде се наоѓа под надзор на специјалисти и е во стабилна состојба, а објави и фотографија.
„Здраво на сите, огромно благодарам за вашите убави и неверојатни пораки од целиот свет. Навистина многу ми значи, мене и на семејството. Јас сум добар, со оглед на условите. Се уште треба да минам одредени прегледи во болницата, но се чувствувам добро. Сега ќе навивам за мојата селекција, за Данска во наредните натпревари. Момци, играјте за целата нација“, напиша Ериксен.