Мек Грегор го нарече Џејк Пол МАГАРЕ
Конор Мек Грегор одговори на критиките за неговите боксерски способности упатени кон него од Џејк Пол, нарекувајќи го Јутјуберот и ревијалниот боксер магаре ...
Мек Грегор ја продолжува рехабилитацијата поради скршеницата на ногата која ја заработи минатиот јули, но се очекува Ирецот да се врати во октагонот ова лето.
Поранешниот двократен шампион на УФЦ во две категории, на своите фанови им овозможи увид во неговиот напредок во тренинзите, објавувајќи видео на кое ги удира фокусирачите во боксерски ракавици. Пол, кој го држи својот професионален боксерски рекорд од пет спрема нула, беше крајно неимпресиониран од техниката на Мек Грегор и истакна дека дефинитивно ќе го нокаутира Ирецот доколку некогаш се сретнат во рингот.
Пол објави на платформата на Инстаграм: „Ова е срам @thenotoriousmma. Брадата ти е отворена без да ја движиш главатабе дете“. Како што додаде Јутјубер на својот профил на Твитер: „Би го нокаутирал Конор во бокс или ММА. Десната рака на Бога“.
Конор Мек Грегор одговори на критиките за неговите боксерски способности упатени кон него од Џејк Пол, нарекувајќи го Јутјуберот и ревијалниот боксер магаре ...
Пол наводно се обидува да го натера Мек Грегор да се степа. Меѓутоа, Мек Грегор сега всушност му одговори на Пол, преку кратко видео на социјалните мрежи, при што тој изјавува: „магаре“ по неколку секунди интензивен бокс во сенка.
Мек Грегор учествуваше во само еден професионален боксерски меч, губејќи од поранешниот шампион во тешка категорија Флојд Мејведер во 2017 година. Тој по оваа борба се врати во својата ММА, но победи само на еден меч од претходните четири, од кои последниот заврши со пораз по скршеницата на ногата во трилогијата со Дастин Поарје, во борбата УФЦ 264, минатиот јули.
Мек Грегор се надева дека конечно ќе се врати во целосна подготвеност следниот месец и очекува повторно да се појави во октагонот следното лето. Во меѓувреме, Пол моментално мисли дека е време да се одмори од боксот откако го нокаутира поранешниот шампион на УФЦ во полусредна категорија, Тајрон Вудли, во реваншот минатиот декември.