Нов дрес код на македонските политичари:Елеци за чување грб од промаја
Како се приближува зимата, така нашите политичари ја
вадат својата топла облека на виделина, впрочем како и сите ние. Но едно е да
си политичар, друго е да си обичен граѓанин...
За политичарите веќе воспоставените дрес кодови на облекување помалку или повеќе се познати и не е ништо страшно малку да се излезе од рамките.
Но, како сите да се синхронизирани овој период, па и од двете најголеми политички партии носат едно парче кое им е неизбежно.
Да, елекот со пердуви или синтетика е одличен за топлење и заштита, па и е доста практичен, но колку тој изгледа веродостојно и создава авторитет кај нив?
Обично ги носат кога се помеѓу народот, со тоа сакајќи на некој начин да се приближат, додворувајќи се на масата...
Ама не ни требаат повеќе симпатиии, ни требаат пари!
Како и да е, си ги носат, ги топлат и веројатно им е убаво во нив. А можат и во кафуле да си ги носат, и на прес, и пред толпа... Службено и/или неофицијално.
Ретко некој светски политичар да го видиме во вакви елеци, а и да ги носат тоа се по крајно зацртани строги кодекси.
Еве дел од нашите политичари со елеците кои им штитат грб од промаја:Костадин Костадинов- Портпарол на СДСМ
Владо Мислајловски- Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Љупчо Николовски- Генерален секретар на СДСМ
Иван Јорданов- Претседател на оштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Штип
Н.Т.