Се работи за Air Zoom Tempo NEXT% патиките...
Кога станува збор за патики, тешко е за секој бренд да го победи Nike, затоа што оваа компанија навистина има неверојатно лесни и анатомски обликувани патики во својот опсег кои овозможуваат одлични вежби и многу лесно и природно трчање.
Сепак, популарната модна компанија сега претстави нови патики кои се издвојуваат од останатите, најмногу поради ѓонот.
Како што можете да видите на фотографиите, ѓонот се состои од неколку сектори и на предниот дел, како да има две мали минијатурни ѓончиња. Овој ѓон е дизајниран да обезбеди подобра распределба на тежината, како и помазно подножје на различни површини. Се чувствувате пријатно за време на сите спортски активности.
Цената на овие патики сè уште не е позната, но се знае дека тие ќе излезат на продажба кон крајот на пролетта годинава.