„Жал ми е за секој кој е заразен“: Ѓоковиќ позитивен на коронавирус
За време на турнирот „Адрија Тур“ организиран од страна на тенисерот број 1, Новак Ѓоковиќ, тројцата играчи беа позитивни на коронавирус меѓу кои Димитров, Чориќ и Троицки. Сега и Ѓоковиќ потврди дека е позитивен, а еве ја во целост неговата изјава за јавноста:
„Веднаш по доаѓањето во Белград заминавме на тестирање. Мојот резултат и оној на Јелена се позитивни. Децата се негативни. Се што направивме во последните месец дена беше со чисто срце и искрени намери. Нашиот турнир беше од хуманитарен карактер, со идеја да им помогнеме на тенисерите во регионот - да им дадеме услови за игра, да остварат приходи и на тој начин да си го олеснат овој тежок период.
Истовремено, сакавме да испратиме порака на солидарност, почитување и фер-плеј. Целта беше да помогнеме на хуманитарните фондации и на оние на кои помошта им е најпотребна и драго ми е што многу луѓе се прикучија на мојата иницијатива.
Организиравме турнир во момент во кој вирусот е ослабнат, верувавме дека имаме услови. Жал ми е за секој кој е заразен. Ги пратам изјавите на лекарите и се надевам дека бројот на заразени нема да расте. Исто така, се надевам дека нема ничија здравствена состојба да стане комплицирана. Јас ќе останам во самоизолација во наредните 14 дена и ќе го повторам тестот за пет дена“, изјави Ѓоковиќ.