10 Килограми помалку за 24 часа: И тоа е можно, но опасно

Спортскиот научник Рос Едгли не внесе никакакви јаглени хидрати, сол или течност 24 часа, цел ден тренираше во костум за потење, одеше во сауна и капење во топла, парна бањи која се користи за вадење течност од телото.

Тој докажа дека слабеењето  е можно и тоа мнооогу брзо. Сепак,  предупредува дека овој екстремен експеримент е опасен!

Рос докажа дека за 24 часа е можно да изгубите 10 килограми, се разбира, со личен пример. Наведува дека довербата не треба да биде загрозена од она што го гледате на вагата за мерење на тежината.

- Се надевам дека мојот експеримент ќе создаде поздрава врска помеѓу луѓето и вагите. Варијацијата на телесната тежина за краток период зависи од многу фактори, не само од маснотиите - напиша Рос на својот блог.

За време на клучните 24 часа, Едгли не внесол никакви јаглени хидрати, сол или течност, тој тренирал цел ден во костум за потење, минувал низ сауните и се капел во топли бањи користени за вадење течност од телото.

Тој исто така зел диуретици, витамин Ц, корен од глуварче и кофеин. На денот на експериментот, Рос пиел само 100 милилитри вода и 20 пати бил да мокри.

Рос има јасно објаснување за она што се случи во споменатите 24 часа.

- Педесет проценти од телото е вода. Значи, од моите 95 килограми, 47,5 кг. е вода. Сепак, водата е од суштинско значење за да работат виталните органи, па експериментирањето со внесот на течности е потенцијално смртоносно - рече Рос, предупредувајќи ги луѓето да не го користат неговиот метод, особено без консултација со нивните лекари.

Она што ќе разочара многумина е фактот дека тој ја врати тежината за само два часа! Десет изгубени килограми не се сало,  туку вода.