10 машки модни трендови за лето за кои Македонците можеби немаат поим
Јасно е дека во ковид ситуација никому не му дошло до мода, ама кога се отворија продавниците трчавме од мерак да си купиме нешто. А, онлајн продажбата и кај нас доживеа процут, па купувавме од дома. Сите сакаме кога ќе се подновиме со парче облека и тоа е неспорно и нуди убаво чувство. Исто така, веројатно знаеме дека секој нов тренд можеби нам нема да ни стои... или не знаеме? Како и да е, трендовите се менуваат, си заминуваат, доаѓаат други... Убаво е да се биде во тренд во комбинација со нешто кое не‘ прави автентични и кое го презентира нашиот стил.
Овде новите трендови, конкретно за мажи, скоро и да не доаѓаат на време. Тоа не значи дека ги нема, едноставно не се носат зошто ќе ве етикетираат како „некакви“, за после извесно време, сите да ги имаат тие парчиња. Дури и дел од оние кои набавуваат облека од странство за своите бутици, па и одредени брендови кои ги има кај нас селективно пристапуваат кон машката облека оти знаат дека ако пласираат нешто кое на прв поглед „боде очи“ нема ни да се продаде. Не збруваме за екстремности, подолу во текстот ќе видите за што се работи. Прифаќањето на новитетите не секогаш е проследено со одобрување. Но секој со својот вкус, кој како сака...
Скоро сите најнови светски машки модни трендови за ова лето се баш машки. Десет се на број и во светот веќе ги носат. И кај нас можеме да забележиме одредени примери (многу малку се) кои ја следат модата и се трудат да бидат во најновото...
1. Вкрстени торби
Чувајте ги вашите работи безбедни, супер стилска торба ама не за во рака. Без разлика дали станува збор за нешто мало и уредно, ова е одличен начин да ги обезбедите вашите работи и да го направите тоа модерно. Ако ременот на торбата е предолг за ваш вкус, врзете мал јазол на него и ќе имате уникатен додаток во вашиот стил.
2. Кубански кошули
Веќе пишувавме за нив и рековме дека ќе бидат апсолутен хит ова лето.Со карактеристична јака и кратки ракави, овое кошули се парчиња кои освојуваат. Можете да берете кога станува збор за мотивите.Овие кошули изгледаат екстра кул во светли нијанси како жолта, сина или зелена боја. Завршете го изгледот со очила за сонце.
3. Ѕвонарки
Вашите татковци ги носеа и тоа е доволно за да докажеме дека ако ги носите денесе, не сте „некакви“. 70-тите години се вратија на одличен начин со овие панталони. Комбинирајте ги со тенка кошула или со предимензионирана летна дуксерка или едноставно со маица.
4. Шорцеви под коленото
Тие се супер да се задржите претежно покриени, но да останете кул на летните горештини. Без разлика во каква боја се, едноставно се ин ова лето.
5. Предимензионирани палта или сакоа
Модата се враќа назат во 80-те години на минатиот век со огромени сакоа. Без разлика дали се еднобојни или шарени, тие се одличен начин да се додаде малку ретро стил на модерна облека без да изгледате премногу формално. Изберете опција што е многу поголема, односно никако преголемо палто во кое ќе изгледаде како да пропаѓате во него.
6. Отпечатоци- пачворк техника
Отпечатоците или крпениците се вратија во мода. Носете кошула во пачворк техника од различни стилови и контрастни бои со бела маица за да дојде целата облека до израз.
7. Релаксиран костум
Суптилни костуми или рекласирани, кои не ја следат трого линијата на машкото тело. Комбинирајте со патики и бела маица. Најдобро е да избегнувате да носите „канцелариска“ кошула со ова, бидејќи можеби ќе изгледате како да сте во облеката на татко ви. Најважниот додаток што може да го носите со ова е самодовербата.
8. Заштитни очила за сонце
Заштитете ги очите од сонцето на најкул можен начин со овие заштитни очила за сонце. Не само што тие се свежа алтернатива на традиционалните очила, туку тие изгледаат како да се извадени од Blade Runner. Футуристички и елегантни, ова се најдобрите додатоци на сезоната. Без разлика дали ќе одберете светли тонови или нешто суптилно, овие нешта ќе бидат вашиот омилен начин да го комплетирате вашиот изглед успешно.
9. Панталони со висока половина
Вратете се во 40-тите години со панталони кои имаат висока половина (се носат на струк- народски кажано). Ова е ласкав стил кој се враќа во мода на секои неколку години, заради неговата разноврсност. Канализирајте го вашиот внатрешен Марлон Брандо со тоа што ќе ги усогласите со закопчана маица или направете модерен пресврт со отворена кошула.
10. Сандали- влечки со две ленти
За разлика од традиционалните обувки, овие сандали или влечки нудат двојна поддршка и изгледаат извонредно кул додека одите по улица. Усогласете ги со фармерки или панталони од костум.
Н.Т.