23 Непишани правила за животот: Многу мажи ќе се пронајдат!
Во оваа статија ви презентираме неколку непишани правила на животот според авторитетно машко списание, кои се неизбежен дел од него!
Сигурни сме дека во некои од наведените 23 непишани правила, мажи, ќе видите и некое ваше имплицитно правило кое е дел и од вашиот живот.
Еве ги :
1. Многу поважно е да имаш добро здравствено осигурување отколку добро здравје
2. Не блефирајте повеќе од еднаш, кога играте покер со пријателите
3. Ако некој од големите шефови на работа сосема неочекувано ти каже нешто навистина убаво и е пријателски настроен- тоа не значи ништо за него. Дури шефот да е татко ти!
4. Носете толку црно колку што можете повеќе. Тоа ве прави да изгледате по слаби, кул и сексапилно сериозни. Избегнувајте ги само црните фармерки, одвратни се!
5. Кога некој во вашето семејство минува низ развојот и тежок период, застанете на страната на крвниот роднина
6. Човекот кој не може да танцува, не може да разговара, и не може да обезбеди психолошка поддршка на една жена е само половина маж. Другата половина не може да готви, не може да чисти и лошото е дека има потреба од еден пијалок ....
7. Не правете си видлива тетоважа поголема од пенисот!
8. Има моменти во кои најдобрите соседи се - поважни од најдобрата населба и од најдобрите пријатели
9. Да и кажеш на една жена "Ти си голем човек и одлична личност" се прифаќа како сеедно да и кажеш дека не ја сакаш повеќе!
10. Внимавајте кога имате јавна расправа за омиленото хоби, бидејќи повеќето хобија за останатите кои треба да ве слушаат се здодевни, патетични и воопшто не ги интересираат.
Една од најпознатите досадни работи е кога некој зборува за хоби како колекционирање на монети, марки, набљудување на птици, борење, тенис на маса, чет, поезија, кинолошки изложби, музика, јога, трчање, религија и др.
Многу, многу досадно ... Верувајте, единствените хобија со кои можете да импресионира некој и тој да ве слуша се летањето, риболовот и голфот.
11. Виножито на небото е начин Бог да не потсети дека убавината е оптичка илузија со исклучок на најубавите спортски автомобили.
12. Никогаш не носи облека што твоите колеги не ја прифаќаат и отфрлат.
13. Знаеме дека сакаш, но ти никогаш нема да станеш рок ѕвезда ...
14. Колку повеќе поминуваш низ животот, ќе откриеш дека се повеќе од работите кои си ги учел во училиште се бескорисни, со исклучок на психологијата
15. Ако му кажеш на некој од твоите менаџери „Јас дејствувам и гледам на работите малку филозофски“, значи дека ти што туку му рече дека си тотален губитник!
16. Кога трчаш во паркот во топол летен ден, не носи маица ако си навистина влакнест ...
17. Обидете се да одите на работа секогаш испеглани.
И најмала изгужваност на кошулата ќе ги натера злобните колеги да си измислат сценарио и да го развијат, за тоа колку сте осамени и колку финансиски проблеми имате.
Не им го давајте ова задоволство ...
18. Секогаш на секој можен начин, претпоставувајте дека лицето со кое зборувате е поинтелигентно, подобро изгледа и е поуспешен отколку што во реалноста е!
19. Начинот на кој една жена изгледа, дејствува и зборува, не кажува ништо за тоа колку добра е таа во кревет!
20. Да полудите, додека гледањето голем натпревар е знак за вашето добро ментално здравје!
21. Никогаш не кажувајте за своите проблеми на никого. На 20% од луѓето не им е гајле за нив, а останатите 80% ќе се радуваат дека ги имате!
22. Никогаш не се плашете да тргнете по пат, што ви е непознат! Многу од големите работи се измислени и измислени токму како резултат на грешка
23. Можеби најголемиот проблем на нашиот живот е да решиме „Што да правиме со времето што ни е дадено?“