4 МЕСЕЦИ патувал со велосипед од Нови Сад до Доха за да ја бодри Србија: Капитенот на српската репрезентација му го подари ОВА (ВИДЕО)

Зоран Живлак од Нови Сад изминативе неколку години поминал многу километри за да ја бодри Српската репрезентација на разни натпревари!

Овој пат тој со еден гест го воодушеви светот и на многумина им покажа колку ја сака својата земја. Не му било тешко со велосипед да стигне до Катар и да ја бодри репрезентацијата на Србија на Светското првенство во фудбал.

Оваа необична авантура на Зоран му траела четири месеци, а за да стигне до Доха морал да помине низ Бугарија, Грузија, Ерменија, Иран, Емиратите и Саудиска Арабија.

- Благодарам за пречекот. Кога ќе дојдам јас, добро поминува репрезентацијата. Се надевам дека така ќе биде и сега. Патувањето траеше нешто подолго од четири месеци. Беше за душа, па се одолговлекуваше малку. Секојдневно имаше кризни моменти, но кога ќе стигнете до целта, шампионатот е ваш. Најубаво беше низ Иран, полн сум со впечатоци – изјави Зоран за ФСС откако пристигна во Доха, а пред хотелот го пречека капитенот на српската репрезентација, Душан Тадиќ.

Зоран не пристигнал во Катар со празни раце, туку на Тадиќ му подарил сувенир, а фудбалерот му возвратил со потпишана маичка. Верениот навивач на српската репрезентација откри што му требало за толку долго патување.


- Тоа е чергарски живот. Многу бара, со малку можеш да преживееш, сите сме конформисти, па дочекувам хотел некогаш. Носам најосновни работи, шатор, облека за топли и постудени услови - рече Зоран.

Короната го спречила да оди на Олимпијадата во Јапонија.

Зоран веќе возел со велосипед во Русија, на ист начин сакал да отпатува на Олимписките игри во Јапонија, но во тоа го спречил коронавирусот.


Фото и Видео: Youtube