5 Совети за зголемување на продуктивноста во учењето со Galaxy Tab S9
Студентскиот живот е забавен, но интензивен. Тој прави рамнотежа помеѓу училишната работа, социјалните планови и воннаставните активности. Новата серија Galaxy Tab S9 на Samsung ја спојува преносливоста на таблетот со моќната функционалност на лаптопот, за да можете да ги развивате вашите креативни вештини и да работите на големи студентски проекти, дури и кога сте надвор од училницата или домот. Разновидниот формат и сестраните алатки и апликации на таблетот го прават изненадувачки расадник за продуктивност, без разлика со каква задача се соочувате во текот на денот. Тука се дадени пет начини на кои вашиот Galaxy Tab S9 може да ви помогне да ги завршите работите од утро до вечер.
Планирајте го вашиот ден со леснотија
Најдобриот пријател на зафатениот студент е динамичниот планер. Со серијата Galaxy Tab S9, вие можете да го испланирате вашиот ден и да ја составите вашата „to-do“ листа на исто место. Доволно е да го потпрете Galaxy Tab S9 вертикално или хоризонтално со помош на футролата Smart Book Cover[1] и веќе можете да го испланирате денот. Tab S9 ја содржи омилената апликација на фановите GoodNotes за прв пат досега на Android, овозможувајќи сосема ново искуство при организирање на вашиот распоред. Со GoodNotes[2] студентите може да користат готови шаблони и новодизајнираната верзија на пенкалото S PenCreator Edition[3] за да се организираат на свој креативен начин. Сето тоа со еден лесен уред и во движење.
Извршувајте повеќе задачи истовремено како професионалец
Помеѓу подготовката за час, закажувањето на испитните сесии и одвојувањето време за пријателите, студентскиот живот може да биде доста хаотичен. Galaxy Tab S9 е дизајниран на начин да ви помогне да држите чекор со сето тоа и ништо да не пропуштите. За максимална продуктивност, отворете и работете во повеќе прозорци со Multi Window[4] – соработувајте со колегата на Google Meet[5] кога правите презентација. Сето тоа додека ја забележувате вашата најнова идеја во посебен документ на Samsung Notes. За ефикасно и брзо извршување на повеќе задачи истовремено, можете со едноставно лизгање со прстите пои екранот да се префлрате од една на друга апликација и да ја прицврстите тастатурата Book Cover Keyboard за полесна навигација со помош на подлогата за глувчето.
Пишувајте прибелешки на повисоко ниво
Кога запишувате прибелешки на часот, пишувањето на лаптоп може да биде гласно и да ви го одвлекува вниманието. Запишувањето прибелешки на хартија може да ве натера да се чувствувате поангажирани, но исто така, го отежнува беспрекорното споделување мисли со колегите. Користењето на вашиот Galaxy Tab S9 како дигитален бележник ви обезбедува придобивки од двата света – дури и повеќе со екранот NotePaper Screen, кој го прави пишувањето на таблетот многу слично како на хартија. Можете да го користите вашето пенкало S Pen за да ги запишувате мислите и клучните моменти во Samsung Notes за време на часовите, а потоа да го синхронизирате вашиот Galaxy Tab S9 со Microsoft OneNote за да зачувате сè на едно место. Ова не само што ја олеснува работата со другите во реално време преку споделен онлајн документ, туку вие може да пребарувате и термини и теми кога барате конкретни информации.
Претворете го таблетот во целосно функционален лаптоп
Да се остане продуктивен во текот на денот не мора да значи да се носи лаптоп низ целиот кампус. Со Galaxy Tab S9 и неговите додатоци, вие можете да се наоѓате во вашето омилено кафуле, да учите во парк или да отпатувате за викенд и да го оставите вашиот лаптоп дома – знаејќи дека сѐ уште можете веднаш да пристапите до сите негови можности. Само поврзете го вашиот Galaxy Tab S9 за вашата тенка тастатура Book Cover Keyboard Slim и вклучете го режимот DeX[6] за веднаш да добиете изглед на компјутер и да имате чувство дека работите на истиот. Ќе можете да пристапите до целиот пакет апликации на Microsoft, со што лесно и брзо ќе ги ажурирате документите во Word, слајдовите во PowerPoint или табелите во Excel. И за да не дозволите ѕиркања од просторот околу вас, лесно прикачувачката Privacy заштита за екран дозволува само вие да го гледате екранот додека работите.
Проширете го вашиот работен простор со беспрекорен втор екран
Кога сте дома и имате сериозна домашна задача, понекогаш ви е потребен повеќе од еден екран. Galaxy Tab S9 работи беспрекорно со различни оперативни системи и апликации и претставува брза и удобна алатка кога треба да прегледувате повеќе датотеки и прозорци одеднаш и да работите поефикасно. Со користење на (втор екран) Second Screen[7], со 1 клик лесно ќе го споите вашиот компјутер со таблетот и ќе добиете двоен монитор во продолжен или дупликат режим. Со Multi Control[8], вие можете дури и да влечете и поставувате текст и слики помеѓу вашите Galaxy уреди. Земете понова фотографија од галеријата на вашиот паметен телефон и вметнете ја во Samsung Notes на вашиот Galaxy Tab S9, или презентација од вашиот компјутер - слободата да го користите екосистемот Galaxy ви овозможува да завршите повеќе работи за помалку време.
Galaxy Tab S9 е дизајниран за денешниот студент, кој е постојано поврзан и секогаш во движење. Без разлика дали студирате графичка уметност и треба да ги забележувате вашите идеи секогаш и каде и да ви се појави инспирација, или сте амбициозен градежен инженер кој треба да изработува проекти во и надвор од училницата, Galaxy Tab S9 е совршен партнер за продуктивност.
Извонредна понуда ви е на дланка!
Со секој купен нов Galaxy Tab S9, Galaxy Tab S9+ или Galaxy Tab S9 Ultra искористете до 4 месеци бесплатен You Tube Premium како дел од промотивната понуда која е во тек и гледајте ги вашите омилени содржини без прекинувања за реклами и без Wi-Fi мрежа. Ако, на пример, сте студент ќе можете сите видео материјали кои ви се потребни за вашите испити да ги гледате без реклами на You Tube, и ќе можете дури и да ги даунлодирате содржините без да сте поврзани со интернет, без разлка каде се наоѓате. Повеќе за промоцијата прочитајте тука.
[1] Сите футроли се продаваат одделно.
[2] Апликацијата GoodNotes се презема посебно и доаѓа со едногодишна бесплатна целосна верзија. Откако ќе заврши периодот на бесплатна целосна верзија, ќе треба да ја купите за континуирана употреба. Условите за користење може да се разликуваат во зависност од земјата и регионот.
[3] Се продава одделно. Достапноста и времето може да се разликуваат во зависност од пазарот.
[4] Одредени апликации може да не поддржуваат извршување на повеќе задачи истовремено.
[5] Google Meet е достапна за преземање на Google Play. Google Meet е регистриран заштитен знак на Google LLC.
[6] Достапноста може да варира во зависност од уредот. Samsung DeX е поддржан на избрани Galaxy паметни телефони и таблети.
[7] За Second Screen има потреба од компјутери со бежичен приказ и Windows 10 v.2004 или понова верзија.
[8] Multi Control е достапна само на одредени Galaxy паметни телефони со One UI 5.1 или понова верзија и на Galaxy Tab уреди со One UI 5.1.1 или понова верзија. Достапноста може да варира во зависност од апликациите.
ПР објава