5G мрежата на Телеком достапна и во Скопје
Македонски Телеком продолжува да ја шири 5G мрежата низ државата. По успешниот старт на првата комерцијална 5G мрежа во 15 градови и нивните околини, 5G мрежата ќе биде достапна и во Скопје.
5G е веќе активна во „East Gate Mall“ во Скопје, како и во населбите Ченто, Маџари, Автокоманда, Железара, Керамидница и Хиподром, a до крајот на март 2022 ќе биде достапна и во следните скопски региони: Радишани, Бутел, Шуто Оризари, Чаир, Топанско Поле, Бардовци, индустриската зона Визбегово-Качанички Пат, Ѓорче Петров, Даме Груев, Хром, Долно Нерези, Влае, Злокуќани, Карпош 4, Карпош 3, Момин Поток, Тафталиџе 2 и Трнодол. До мај 2022, Скопје целосно ќе биде покриено со 5G сигнал.
До крајот на годината, 26 градови во Македонија ќе бидат покриени со опрема од најновата генерација.
Македонски Телеком овозможикористење 5G услуги паралелно и во комбинација со 4G, сонапредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции. Мрежата е подготвена да овозможи супер брз гигабитен мобилен интернет, веднаш по завршувањето на процесот за доделување радиофреквенции за радио опсезите на 700MHz и 3.6GHz од страна на АЕК.
5G ќе имаат корисниците коишто се наоѓаат во градовите што се покриени со 5G, во согласност со тарифите што ги користат, и коишто имаат соодветно сертифицирани 5G уреди.
Сите информации за покриеноста на територијата, тарифите, уредите, како и детали за можностите на оваа технологија можете да најдете на следниот линк.
* ПР - Објава