60 кучиња збиени во кафези и однесени во кланица: Ќе завршеле како вечера

Жално...

Спасувачките екипи соопштија дека животните биле во многу тешка состојба и веројатно не јаделе и не пиеле со денови

Полицијата во Камбоџа во неделата спаси 61 куче од сигурна смрт, кои биле набиени во мали кафези и ги носеле во кланица.

Кучињата кои гладувале и дехидрирале, биле пронајдени во шест мали кафези во нехумани услови. Животните биле толку набиени во кафези што не можеле ни да се движат, а се верува дека биле на пат кон кланицата во Кампонг Чам, на југоистокот од Камбоџа, објави Здружението за заштита на животните „Four Paws“.

Во Камбоџа, консумацијата на кучешко месо е забранета со закон од јули минатата година, но шверцерите сè уште го наоѓаат патот до кланиците. За среќа, комбето кое ги превезувало овие кучиња билонавреме запрено.

Се верува дека повеќето од пронајдените кучиња биле кучиња со сопственици, дека во кафезот имало само неколку кучиња скитници.

Спасувачките екипи соопштија дека животните биле во многу сериозна состојба и веројатно не јаделе и не пиеле со денови.

Брзо биле префрлени во прифатилиште каде биле згрижени, а тим на ветеринари сега се грижи за нивното здравје.

- Не е познато колку долго биле во тоа комбе, ниту колку долго биле чувани во кафези пред да тргнат кон кланицата - велат од Здружението.

Иако полицијата успешно ги запре овие шверцери, се верува дека повеќе од 3.750 кучиња се илегално пренесени во кланиците секој месец и убиени во Камбоџа.

По пристигнувањето во кланица, ужасна смрт го чека секое животно. Ги задушуваат, прободуваат или обесуваат на куќи, а потоа ги лупат. Месото на крајот завршува во еден од 100-те ресторани кои служат кучешко месо во главниот град на Камбоџа.


Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира:

Истражувањата покажаа: Кучeто може да нѐ лаже