60 пати е побогат од кралицата Елизабета, а глупости прави каде и да се појави: Дали тој е најлудиот монарх кој оди по земјата?

Кралот Маха Вачиралонгрон е богат и најбезчувствителниот монарх на планетата...

Титулата најбогат монарх на светот ја носи тајладнскиот крал кој меѓу своите поданици не е ни најмалку омилен, а неговото однесување брзо ќе ви разјасни зошто тоа е така.

Сите кралски семејства, кои на светот имаат повеќе отколку што би помислиле, живеат во големо богатство и раскош.

Според пишувањето на „Sunday Times“, кралицата Елизабета „тежи“ околу 530 милиони долари, но не е ни приближно најбогата. Иако е најбогатиот женски владател, на вкупната светска ранг листа на богатство е само на 12-тото место, а прв на листата на најбогати членови на кралски семејства е тајландскиот крал Маха Вачиралонгкорн, чие богатство се проценува на најмалку 30 милијарди долари.

фото: Profimedia

Според пишувањата на „Business Insider“, со поголемиот дел од неговото богатство управува Агенцијата за кралски имот. Кралот поседува повеќе од 40.000 станови и простори за изнајмување, од кои 17.000 се наоѓаат во Бангкок.

Маха, кој на тајландскиот трон седнал во 2016 година, има 23 отсто од уделот во банката „Siam Commercial“, која е втор најголем кредитор на Тајланд, и 33 отсто во групацијата „Siam Cement“, која е најголем индустриски конглометар во државата.

Меѓу неговиот имот се истакнува и 545 каратниот дијамант, инаку најголем избрусен дијамант на светот, чија вредност се проценува на 12 милиони долари.

Освен што ужива во огромно богатство и луксуз, моќниот крал ужива и во скандалозниот љубовен живот. Се има оженето вкупно четири пати, а неговата моментална сопруга го „дели“ со официјалната љубовница.

Уште пред да стане крал, бил познат по раскошниот живот, но и во најмала рака ексцентричниот моден избор. Имено, Мага сакал да носи ниски фармерки, лажни тетоважи и кроп топови.

Позната била и неговата опсесија со неговата сега почината пудлица Фоо Фоо, на која ѝ го дал чинот генерал. Фоо Фоо во една прилика дури бил и официјален гостин на прием кај Ралф Бојс, американскиот амбасадор на Тајланд, а во таа прилика бил облечен во униформа и седел на стол и пиел од чаша наменета за гости.

Кога во 2015 починал Фоо Фоо, Маха му направил раскошен погреб, кој траел четири дена.

Исто така, како што пишува „Daily Mail“, Маха инсистирал неговите поданици пред него да паѓаат на колена, а својата трета сопруга во една прилика ја натерал полугола да јаде од сад за кучиња.

фото: Profimedia

Иако е многу богат, одбил четири од неговите деца, а одбивал да им плаќа школарина. Меѓу своите поданици не ужива популарност и го добил прекарот принц „Bling Bling“. Но, потребно е да се напомене дека не можат отворено да се шегуваат со него, бидејќи тајландскиот закон забранува било каква критика над припадниците на кралското семејство и за навреди на некој од нив, Тајланѓаните може да добијат и до 15 години затвор.

Еден од новите скандали се случи за време на пандемијата кога кралот, според пишувањата на германскиот „Bild“, се изолирал во хотел со пет ѕвезди во Баварија заедно со харем од 20 жени, што предизвикало големо противење кај неговиот народ, а покрај строгите казни на социјалните мрежи се проши и хаштагот со прашањето: „За што ни треба крал?“ Инаку, кралот не го собрал харем само за изолација, туку тоа е негова стандардна постава, а жените во него доаѓаат главно од војска и имаат својата сопствена единица.

На 25 години се оженил со неговата роднина, принцезата Соамсавали Китијакару, со која добил ќерка, а бракот им завршил со развод.

Трета жена му била поранешна келнерка. Токму неа ја натерал облечена во танга да јаде од сад за кучиња. Ни подоцна не ѝ било подобро, бидејќи ја претепувал, а целото нејзино семејство го испратил во затвор. Таа исто така му родила престолонаследник, принцот Дипангкорн Расмијоти. Од 2014 година не е видена во јавноста и се верува дека е во домашен притвор.

Четвртиот брак (и моментално последниот) му е со поранешната стјуардеса Сутхида Тидјаи во 2019 година, а недолго по венчавката на својата омилена љубовница ѝ го доделил статусот „кралска благородничка придружничка“, а во таа прилика објавил фотографија на која таа пилотира со авион во градник.

фото: Profimedia