После 12 години од несреќата се појавија нови траги за состојбата на Михаил Шумахер

Здравствената состојба на легендарниот Ф1 возач Михаел Шумахер и по речиси 12 години останува обвиена со тајни и шпекулации.
На 29 декември 2013 година, тој доживеа тешка несреќа додека скијаше во швајцарските Алпи — удри со глава во карпа и доби сериозна повреда на мозокот. Девет месеци помина во болница, од кои шест во кома.
Траги на надеж
Во последните недели новинарот Стефан Л’Ермит сподели нови детали: Шумахер оваа година потпишал кацига за добротворен настан — што многумина го сфатија како позитивен знак.
„Не знаеме дали му помогнала сопругата, но ова е прв знак на живот по долго време“, изјави тој за RTL.
Сепак, Л’Ермит додава дека вистински информации има само од семејството: „Се чини дека не може да зборува и не го сме виделе да оди. Тој дише и има мали интеракции со семејството, но не може да се каже дека е добро.“
Болна реалност за семејството
Неговиот брат Ралф Шумахер порано изјави дека опоравувањето е ограничено, и покрај најдобрите третмани. „Ми недостига брат ми. Животот е понекогаш неправеден,“ рече тој.
Бившиот претседател на ФИА, Жан Тод, ја пофали сопругата Корина Шумахер која целосно му се посвети: „Благодарение на лекарите и нејзината посветеност, Михаел е жив. Таа го спаси — но со последици.“
Извор / EPA