8 стилски резолуции кои треба да ги усвоите оваа година
Неколку едноставни подобрувања во вашата облека ќе ве осигурат дека имате совршено стилизирана година
Годината зад нас беше навистина тешка. За тоа време, го сменивме начинот на дружење, како купуваме и како го поминуваме времето. Затоа, по таква година, имаше само еден начин да се влезе во сегашниот: исполнета со оптимизам! Ако не знаете како да го најдете вашиот пат до оптимизам, знајте дека вашата облека е совршено нешто за почеток.
Иако може да изгледа дека претходните 12 месеци го ограничија нашиот избор на стил, карантинот и полицискиот час го сменија модниот свет на подобро. Прво, тие го наведоа да забави, и второ, да ја стави одржливоста на врвот на листа на приоритети. Трето, а можеби и најдобро, на клиентите им беше дадена можност релаксирано да пристапат кон нивниот стил и да вложат повеќе пари во помалку парчиња. Имајќи го тоа во предвид, решивме да ви претставиме осум модни работи што треба да ги имате во годината која штотуку започна.
Од суптилните адаптации на старите класици, па сè до стилските промени што се во моментов во тренд, парчињата што можете да ги видите во нашата галерија ќе ви помогнат да ги освежите вашите сарторијални правила.
1. Збогатете ја вашата облека со пар добри кожени кубански чизми2. Речете ДА за дворедно закопчување
3. Заменете ги традиционалните кошули со бели маици
4. Одбирајте џемпери од фин материјал
5. Опуштете се во широки панталони
6. Набавете Левис 501 фармерки
7. Освежете ги јакните со ретро дизајн
8. Како шлаг на торта- црн мантил