Ѕирнете во суперсоничниот авион на Џо Бајден
Минатата година во септември можевме да слушнеме гласини од сите страни дека новата генерација американски претседателски авиони ќе бидат суперсонични…
Дирекцијата за претседателство и извршната аеронаутика ја отстапи работата на стартап од Калифорнија, Exosonic, кој успеа да го привлече вниманието на војската со својот суперсоничен модел, со брзина од 1,8 мах. Како дел од договорот, Лабораторијата за истражување на воздухопловството имаше задача да и помогне на компанијата Exosonic во развојот на комерцијални суперсонични авиони, со дополнителни модификации и трансформации на овие модели во возила на високи функционери. Си-Ен-Ен Травел доби увид во кабината на новиот авион, кој наводно ќе превезува високи функционери и посетители кај претседателот на САД.
„Со овој концепт планираме да имплементираме нови технологии, кои денес не се достапни или не се дел од комерцијалната и деловната понуда на авионите“, изјави Стефани Чахан, главен дизајнер на Exosonic. Нивното ново превозно средство е направено по модел на комерцијален концепт кој нуди доволно простор за седумдесет патници, но неговата кабина е изменета, чиј сместувачки капацитет е преполовен. Дел од кабината се два приватни апартмани - првиот е сала за состаноци и најнови технологии за безбедна телефонска и видео конференција.
Очекувано, ротирачките седишта се обложени со најфина кожа и имаат дрвени детали, додека дисплеите кои се дел од нив се модуларни, така што може да се преклопат и да остават простор за друга неопходна опрема. „Без разлика дали со овој авион „управува“ потпретседателот или првата дама, тој ќе понуди многу флексибилност“, додава Чахан.
Вториот дел е наменет за повозрасен персонал и добива свои модуларни, преклопни седишта од масите, кои може да се прилагодат во висина. Главната кабина содржи дваесет седишта од бизнис класата, заедно со две кујни, два тоалета и многу простор за складирање.
„Дизајнот на кабината е инспириран од луѓето кои ќе се возат во авионот, нивните мисии и вредности, како и сивиот сокол, кој е познат по својата брзина, но и по својата убавина“, објаснува Чахан. Авионот Exosonic, наводно, има максимална брзина од 1,8 мах, што е двојно поголема од сегашните комерцијални авиони, и преодниот опсег од 5.000 наутички милји.
Компанијата продолжува да работи на својата најсовремена технологија за слабеење на звукот, која ќе му овозможи на овој модел да достигне неверојатни брзини без да создава непријатни аудитивни сензации. Според извештаите, Exosonic очекува нивниот авион да го има својот прв лет во 2030 година.