А1 Македонија го претставува “Славчо”, првиот и единствен четбот на албански јазик во регионот
А1 Македонија со задоволство ја најавува најновата и усовршена верзија на виртуелниот експерт базиран на вештачка интелигенција - „Славчо” отсега и на албански јазик, дизајниран да понуди помош и поддршка за сите прашања на корисниците поврзани со услугите на А1.
Четботот ‘Славчо’, првиот и единствен четбот во регионот базиран на Вештачка интелигенција кој што зборува и разбира и албански јазик,е дел од А1 Гуру платформата преку која корисниците имаат можност да добијат одговори на сите прашања поврзани со услугите на А1 или да добијат помош за надминување на било каква техничка потешкотија со нивните услугибез да посетуваат продажни салони или да се јавуваат во Контакт Центарот.
“ Водејќи се од нашата примарна цел, да обезбедиме врвно корисничко искуство, го лансираме Славчо и на албански јазик со што А1 Македонија ја потврдува својата определба да обезбеди дигитални алатки кои обезбедуваат наједноставен и најлесен начин за комуникација со своите корисници. Со ова, процесот на набавка и користење на услугите од богатото портфолио на производи и услуги го прави пријатно искуство за корисниците”, изјави Димитар Димитров, директор на одделот за грижа за корисници.
„Славчо” е првиот виртуелен експерт во форма на четбот со човечки карактеристики кој може да комуницира на македонски и албански јазик кој освен помош при избор на телефонски уред, може да понуди помош и техничка поддршка за користење на мобилни и фиксни услуги на А1 - интернет, телефонија и телевизија, помош за брзо, безбедно и едноставно плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на сметка и надополнување на кредит за припејд корисниците, активирање, деактивирање на услуги и пакети, како и информации за тарифи и промоции.
Комуникацијата со „Славчо” е целосно бесплатна, a за да се допишуваат со него, корисниците треба едноставно во пребарувачот да пристапат преку веб страницата на А1 Македонија, преку апликациите Viber и Facebook Messenger или преку мобилната апликација Мојот А1.
Четботот се справува со повеќе области на знаење со тоа што инкорпорира комбинација на модули за длабинско учење и машинско учење кои се одговорни за разбирање на контекст и составување на пораки.
ПР објава