А1 за корисниците на мобилната телефонија: 30GB сурфање на најбрзата мобилна мрежа во земјата
А1 Македонија продолжува да го збогатува своето портфолио со понуди и услуги и за своите корисници на мобилна телефонија воведува можност за зголемено количество мобиленинтернет и зголемен попуст занови смарт телефони што ја прави комуникацијата уште поопуштена.
Од сега, во понудата на А1 Македонија е најновата промоција за корисниците на мобилната телефонија кои со склучувaње на нов договор или обнова на тарифниот модел А1 Neo M+ имаат можност да изберат нов смарт телефон и тоа од атрактивните модели Samsung A12 по цена од 199 денари/месечнои Huawei P Smart 2021 по цена од 199 денари/месечно. Притоа корисницитедобиваат и 30GB мобилен интернет за сурфање на најбрзата мобилна мрежа што неодамна е потврдено со мерењата за квалитет на мрежи од независното регулаторно тело, Агенцијата за електронски комуникации.
Дополнително, корисниците ја добиваат и опцијата за замена на неискористените гигабајти сочувани во А1 Net Sef која можат да ја користат и за други услуги. Имено, со функционалноста на A1Net Sef, единствена од ваков вид на европскиот пазар, корисниците на мобилни услуги добиваат можност не само да го зачуваат интернетот и да го одложат неговото користење туку неискористените GB да ги заменат за друга услуга како интернет во странство или меѓународни разговори.
Најновата промоција на А1 Македонија е уште една потврда на заложбата за креирање производи и услуги кои придонесуваат за поедноставна и богата комуникација и премиум корисничко искуство.
Повеќе детали за понудата можете да најдете на www.A1.mk
ПР објава