Спорт // Спорт
Адеми играч на натпреварот против Челси, Динамо приреди големо изненадување против Челси
Хрватскиот шампион , Динамо Загреб направи изненадување на дуелот со Челси, запиша победа со 1-0 во првото коло од Лигата на шампионите.
На комплетно исполнетиот „Максимир“, со голот на Мислав Оршиќ во 13. минута, Динамо Загреб го победи Челси.
Македонскиот репрезентативец, и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми беше прогласен за најдобар играч на средбата.
„Покажавме дека имаме квалитетен тим, тоа го демонстриравме против ваков европски великан. Одигравме добро, иако имаше и грешки, но мислам дека заслуживме да победиме. Не играше Челси слабо, туку ние толку му дозволивме да игра“, изјави Адеми.